v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

Борис Сарафов

Mакедонски револуционер, раководител и војвода

         Борис Сарафов (12 јули 1872 – 28 ноември 1907) бил македонски револуционер, раководител и војвода. Бил водач на Врховниот Македонски Комитет (ВМК), а после го напушта и станува еден од водачите на TМОРО (Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација). Во текот на Илинденското востание е член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ, заедно со Даме Груев и Атанас Лозанчев.

    Борис Сарафов 

 

Млади години

Борис Сарафов е роден во село Либјахово (денес село Илинден, Гоце Делчевско), во Пиринска Македонија. Тој потекнува од преродбенско семејство - и татко му и чичко му сé борат против Грчката духовна хегемонија во Македонија. Основното училиште го завршува во Неврокоп (сега Гоце Делчев), а потоа образованието го продолжува во Солунската машка гимназија. Таму е активен во македонските револуционерни кружоци, каде што се запознава со Гоце Делчев.

Македонските војводи Чакаларов и Срафов

По завршувањето на гимназијата, во 1890 година се запишува на воено училиште во Софија, завршува во 1893 година и добива првиот офицерски чин од бугарската армија - подпоручник и служи во 15 пешадиски полк во Белоградчик. Во Софија формира македонски офицерски братства и се запознава со многу идни војводи на TМОРО (како Христо Чернопеев, Андреј Андреев и др.)

Први четнички акции

Токму кога во 1895 година Борис Сарафов добива чин поручник, во Софија, од страна на македонски емигранти е формиран Врховниот Македонски Комитет, на чело со Трајко Китанчев.

Борис Сарафов

Борис Сарафов се согласува со барањето на Китанчев тој да учествува во четничка акција во Македонија. Многу е важно е да сé спомене дека првиот ВМК, под раководсктво на Китанчев, не е великобугарска организација, туку организација којашто сé бори за автономија на Македонија, и станува великобугарска кога нејзин претседател станува под влијание на бугарскиот генерал Иван Цончев. Целта на ВМК во тоа време é, преку чести навлегувања на чети во внатрешноста на Македонија, да сé предизвика интервенција на Големите сили за исполнување од турска страна на познатиот чл. 23 от Берлинскиот договор, со кој што на Македонија и сé дава автономија. Командата на една од тие чети му е предадена на Борис Сарафов.

Борис Сарафов


Борис Сарафов во МелникНа 12 јули 1895 година Сарафов со чета од 70 души го напаѓа град Мелник и го завзема. Акцијата добива широк одзвук во Европа, а името на Сарафов одеднаш добива голема популарност. Од тој момент, Сарафов сé откажува од кариерата во армијата и целосно и сé оддава на Македонската револуција. Заедно со Гоце Делчев вршат обиколка во Македонија, каде што сé сретнуваат со Даме Груев и ги проучуваат потребите за вооружување и муниција.

Борис Сарафов во Мелник - илустрација

          

Борис Сарафов шестиот пртседател на Врховниот Македоски Комитет - ВМК

 

TМОРО и ВМК

Една година подоцна, на Петтиот конгрес на ВМК, Сарафов е избран за претседател. Додека тој е претседател, ВМК се претвара во организација што дава логистика на TМОРО во внатрешноста - т.е. ВМК на TМОРО му обезбедува инструктори, војводи, муниција, оружје и др. До 1901 година Борис Сарафов работи во соработка и полно разбирање со раководителите на TМОРО.

      Во средината на 1901 година Сарафов го нарачува убиството на еден романски новинар којшто шири пропаганда и клевети против TМОРО. Односите меѓу Бугарија и Романија се затегнуваат и бугарската полиција го апси Сарафов. Додека Сарафов е во затвор, во ВМК (што дотогаш е организација што и помага на TМОРО) се случува преврат и на чело на организацијата застанува Бугаринот Иван Цончев, кој е генерал во Бугарската армија. Борис Сарафов, бидејќи во затвор, не може да направи ништо. Тогаш ВМК се обединува со Тракиската организација и се преименува во ВМОК (Врховен Македонско-Одрински Комитет). Сарафов за да спаси дел од пушките, му ги нуди на Гоце Делчев (од спомените на Борис Сарафов):


      ''Врховниот македонски комитет околу 1899 - 1900. Седнати: Тома Давидов (потпретседател), Борис Сарафов (претседател), Христо Саракинов (член советник). Прави: Антон Бозуков (член), Владислав Ковачев (член).Делчев беше тука. За да му дадам последен доказ дека нé сум му наклонет на Цончев, иако сме биле другари по служба, јас му предложив да ги земе илјадата Манлихерки за внатрешноста, затоа што инаку ќе ги земат Цончевци.''

       Кога излегува од затвор, Сарафов сé разочарува од тоа во што се трансформирал Врховниот комитет. Тој сака да сé организира борба против комитетот, но Делчев е против тоа (Од мемоарите на Борис Сарафов):

     - ''Делчев беше на мислење дека треба да се започне легална борба против Цончев, да се бориме преку весници, а пак за тоа нема средства. Јас им реков дека не можам да стојам тука и да гледам како луѓето на Цончев ќе сé гаврат со нас и ќе не тероризираат, а пак јас како баба да сé борам само преку пишување во весници. Делчев и Ѓорче се согласија да заминам во странство и да се потрудам, ако може да се набават средства. Тоа беше во крајот на септември 1901 година.''

              Сарафов во Европа


         Сарафов тргнува да го пропагира ослободителното дело на Македонците низ Европа. Сарафов é многу убав човек, строен, со симпатични црти на лицето и многу харизматичен. Тие негови особини му овозможуваат да стапи во контакт со многу видни личности во Европа и да издејствува материјална подршка за TМОРО.

Прва земја којашто Сарафов ја посетува е Русија (уште во 1900). Тука стапува во контакт со грофот Игнатиев, баронесата Дистерло и со други високи луѓе на царскиот двор.

Во Виена се запознава со австрискиот гроф Јозеф и со фон Милер (идниот цивилен агент во Македонија). На нив им ја објаснува состојбата во Македонија, и целите на организацијата. Почнува да собира пари за печатењето на весник "L'Effort". На неколку пати пишува статии во весник "Temps" во којшто пропагира за македонското дело - тоа ги збеснува грците.

Убавецот Сарафов ги обиколува Виенските казина и салони, правејќи запознанства со богати луѓе од целиот свет. Tака на пример во едно казино се запознава со еден богат Англичанец, кој се заљубува во Македонското дело и на Сарафов му дава 8.000 франка. Половина од тие пари Сарафов ги праќа во Софија за купување на оружје, а другите за печатење на весникот "L'Effort" и весникот "Дело" (весник што постојано ги критикува врховистите на Цончев).

Во Париз Сарафов има средби со истакнати политички личности на кои им говори за целите и борбата на Македонците.

Во Будимпешта Сарафов се сретнува со претставниците на српскиот двор Балукчиќ и Симиќ и со нив започнува преговори (Сарафов е првиот македонски деец што започнал преговори со Србија). Тој веднаш ги предупредува Србите дека TМОРО е вистинската Македонска организација, а не ВМОК на Цончев - како што вели во неговите спомени: да имаат доверба во мене и моите луѓе и да сé држат настрана од луѓето на Цончев, бидејќи внатрешната организација искрено работи за идејата „Македонија на Македонците“.

На прашањето што ќе сé случи со Македонија ако евентално добие независност Сарафов им одговара: Јас им реков да бидат уверени дека кога ќе се воспостави автономна Македонија, веднаш ќе се формира најсилна партија, која ќе биде против анексијата (со Бугарија), од која страхуваат Србите. Им реков уште дека таа плејада борци за слободата на Македонија нема да плука врз своите принципи, оти Србија тогаш ќе излезе на море, бидејќи меѓу нас нема да има царински граници.

Сарафов

По средбата со Србите, Сарафов во 1902 година оди во Женева, каде што благодарение на неговиот шарм и дипломатски способности успева да издејствува богати Англичани да му дадат 50 000 франци. Најголемиот дел од тие пари ги дава на младиот студент по право Симеон Радев за печатење во Женева на весникот “Mouvement Macedonien”. Другиот дел го праќа во Софија за купување пушки, а исто така и им испраќа пари на Гемиџиите за извршувањето на познатите Солунски атентати.

Исто така тој се запознава и со ќерката на богатиот Англичанец, која ја натерува да се заљуби во него и да испраќа пари на TМОРО. Како што се изразува тој во спомените: И се прилепив јас и на ќерка му на богатиот, стара мома (таа многу го симпатизираше нашето дело).

Дополнително оди во Париз и купува од таму 1000 килограми динамит, кои ги праќа во Солун за потребите на Гемиџиите.

Кога се враќа во Софија во јануари 1903 година, разбира дека во Солун é земено решение за дигање на востание. По долги разговори, тој, Гоце Делчев, Ѓорче Петров и други решаваат да формираат чети и да навлезат во Македонија.

Во текот на Илинденското востание е член на главниот штаб на битолскиот револуционерен округ, заедно со Даме Груев и Атанас Лозанчев.

         >>>>>> Сарафов планирал истотака да употреби и биолошко оружје врз турците,.. заради тоа европјаните дури и биле згрозени од тие намери на Сарафов  <<<<<

   Убиство

    По задушувањето на Илинденското востание, револуционерната организација доживеала огромна криза. Помеѓу членовите на организацијата дошло до остри дискуии за неуспехот на востанието. Во овие дискусии се изјавиле две гледишта кои довеле до отворена поделба во организацијата. На една страна била т.н. реформистичка (лева) струја на TМОРО по конгресот од 1905 преминува во ВМОРО, на чело со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и други, кои сметале дека без подршка на Бугарија е возможно ослободување или автомомија. Наспроти неа, била конзервативната (десна) струја, на чело со  Гарванов и др. кои сметале (или се сомневале) дека без подршка на Бугарија не може да очекува ослободување или автомомија. 

Сарафов и Иван Гарванов - погреб

- ''Имаме сомнение дека Срафов преку Иван Гарванов е одговорен во ''провалата'' во ''Солунската афера'', една од главните причини била тоа што сакал да стане главниот лидер на ТМОРО,... но моменталнo сé само сомнениа,.. немаме цврсти докази''.

      Сарафов бил убиен од Тодор Паница по наредба на окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ и лично од Јане Сандански во 1907 година во Софиjа заедно со Иван Гарванов. Пред да бил убиен и Михаил Даев и со тоа започнал почетокот на братоубиствата во Oрганизацијата.

       Цитати од Борис Сарафов

Ние Македонците не сме ни срби, ни бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но србите и бугарите нека нé забораваат дека Македонија е само за Македонците.

    - Борис Сарафов, 2 септември 1902

... Истовремено еден руски полковник, некојси Бешков, обиколуваше низ Македонија и сé искажуваше многу неповолно за нас Македонците во Македонија, правејќи нe срби, што не се достојни за слобода и сл. По тој повод му напишав едно писмо до гроф Игнатиев, со кого се имав запознаено во Петербург. Му се оплакав за руските конзули, што отворено и даваат поддршка на српската пропаганда во Македонија...

      ...Отидов во Хилендарскиот манастир, каде што повеќето од калуѓерите беа македонци  од Македонија...

—Борис Сарафов, Спомени
Жална грешка е да сé претпоставува дека ние ја бараме Македонија во име на Бугарија. Ние Македонците сé сметаме себеси за сосема одделен национален елемент и ни најмалку нé сме наклонети кон дозволување нашата земја да биде заграбена од Бугарија, Србија или Грција. Впрочем, ние ќе сé спротиставиме на било какво здружување од тој тип со сета наша моќ. Македонија мора да припадне на Македонците.

—Борис Сарафов, во интервју со дописник од британски „Тајмс“ на 12 април, 1901.




    Автономаната македонска идеја не скара со бугарската влада. Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинанд? Зар... Рачо Петров кој со своето Министерствонтолку грижливо сé зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македоската граница и да водиме чети? Не фалеа зошто сé надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македоските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници,кнезот Фердинанад, го примамуфа ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот - Македонија.

Bесникот ''Македонски Глас'' презел цитат и каде каде Cарафов претходно ја обeлежил Македонија


„Ние, Македонците не сме ни срби, ни бугари, туку Македонци, Македонија е само за Македонците!“ – „Македонски глас“, 22.6.1913
„Македонски голос“ („Македонски глас“), кој е објавен на денешен ден, на 22 јуни 1913 година во Санкт Петербург, во Русија. „Македонски глас“

Ние Македонците не сме ни срби, ни бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но србите и бугарите нека нé забораваат дека Македонија é само за Македонците.

    - Борис Сарафов, 2 септември 1902

 

Сарафов - Македонскиот водач - 1902 - ''Њу Јорк Таимс''

 

 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

1.

ИМЕ: Vesna

е-маил: jovanovskabitola@yahoo.com 

КОМЕНТАР: Koga veke ja spomenavte Ilijada i Odiseja, znae li nekoj kade e originalniot rakopis i so cie pismo istiot e napisan? 

- Македонoн - Добар ден Вecна.... Mоже ли да ја чуеме со кое писмо?,... да надоврзам дека таа приказна е стара минимун 1100 пред Христо.



Kako podprasanje ili tema za razmisluvanje, ama ne pomalku i za akcija - koga Makedonija ke sprovede kamapanja za pribiranje, vrakanje i na ostanati kulturno-istoriski ili literaturni vrednosti od depoata i na Sofija, Moskva, Carigrad, a zosto da ne i od Rim ili London 

- Македонoн - генијална идеја.

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА ( ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА. ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

На ден 03 / Ma / 2009, е конструирана страницата на Македонија é СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и сé смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 16 / Жустар / 2016, е конструирана peзepвнaтa страница на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и поттик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.